From Wikipedia, the free encyclopedia
„Кузман Јосифовски Питу“ — средно училиште во Прилеп, Општина Прилеп[1].
Кузман Јосифовски Питу | |
Место | |
Општина: | Прилеп |
Место: | Прилеп |
Адреса: | ул. „Цар Самоил“ бб |
Основни информации | |
Основано: | 1957 |
Директор: | Христина Бозоска-Николоска |
Број на ученици: | 460 |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Портал | www.kjpitu.edu.mk |
Средното општинско економско училиште “Кузман Јосифоски - Питу” од Прилеп постои уште од 1962 година. Денес во ова училиште се одвива настава чија цел е професионално определување на ученикот за да може правилно да ги развие сопствените работни способности и правилно да ја изгради својата личност. За остварување на оваа цел ангажирарани се професионални кадри кои одржуваат настава на ученици распоредени во три струки :
По ослободувањето, со брзиот развој на стопанството се јави голема потреба од кадри со средно стручно образование.Во учебната 1955/56 година се роди идејата да се формираат неколку економски паралелки кои најпрво работеа во составот на гимназијата „Mирце Ацев“-Прилеп.Со одлука на Советот за просвета на НРМ од 1956 год. во Прилеп се отвори средно економско училиште.Во наредниот период општествено политичките организации го определија името на училиштето „Кузман Јосифоски-Питу“. Во 1956 год. трговската комора на Македонија а во соработка со истата асоцијација во Прилеп, формира средно училиште за потребите на трговијата. Во прво време средното економско училиште и средното трговско училиште работеа одделно,а со посебна одлука за поврзување на двете училишта која одлука се спроведе во учебната 1987/88год. започнува забрзан развој на економско-трговскиот ценар.Основната дејност на училиштето е воспитно образовна на ученици од стручно образование со четири годишно траење од економска,правна и трговска насока.
Цветан Беличански-прв директор на Гимназијаа и Економското Училиште.
Стојан Силјаноски-прв директор на Трговското училиште
Пајмакоски Гога-директор на економското училиште од 1959 год.
Ношпал Јово-директор на економското училиште од 1968/69год.
Тренкоски Ристе
Ќофкароски Илија-директор на економското училиште 1978 год.
Џингоски Јане-директор на економското училиште 1987/88 год.
Смугрески Димитрија-директор на економското училиште 1998 год.
Бунеска Елена-директор на економското училиште 2002/03 год.
Ристеска Пандора-директор на економското училиште 2003/04 год.
Котески Цане-директор на економското училиште 2006 год.
Китаноска Менка-директор на економското училиште 2009/11год.
м-р Наталија Ацеска-директор на економското училиште од ноември 2011 год.
Училиштето има учествувано на многу натревари од најразлични карактери.
Најбитен е саемот на средни стручни училишта од Македонија, на кој училиштето освои :
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.