From Wikipedia, the free encyclopedia
Средното градежно гимназиско училиште „Здравко Цветковски“ — средно училиште во Скопје, Карпош[1].
„Здравко Цветковски“ | |
![]() | |
Место | |
Општина: | Карпош |
Место: | Скопје |
Адреса: | Бул. Партизански одреди бр.91 |
Основни информации | |
Директор: | Јасминка Бошева |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации | |
Портал | zdravkocvetkovski.edu.mk |
СГГУГС „Здравко Цветковски“ е формирано 1945 г. како прво македонско средно техничко училиште во Р Македонија. Во текот на годините следувале негови трансформации, формирање нови отсеци, нивно одвојување во посебни училишта, за конечно учебната 1962/63 г. да се одвои и почне да функционира како градежно-техничко училиште. Сите овие години училиштето се соочувало со проблеми за обезбедување простор за изведување наставата, сè до 1965 година, кога училиштето се сели во нова зграда каде опстојува и до ден-денес работи. Зградата има околу 10 000м² корисна површина со 45 училници и кабинети, работилници, лаборатории, канцелариска сала, сала за состаноци, две фискултурни сали, библиотека, читална, мали атлетски спортски терени, затворен простор за мал фудбал и убаво уреден двор. За да биде во чекор со времето училиштето секојдневно се опремува со нови технички помагала.
Училиштето го доживува својот процут во 80-те години, а потоа постепено се намалува интересот за школување во градежно-геодетската струка. Оттогаш па до денес, следат нови реорганизации и трансформации и во учебната 2002/2003 година училиштето започнува да работи како градежно-гимназиско средно училиште.
Во СГГУГС „Здравко Цветковски“ се образоваат следните средношколски кадри:
четиригодишно стручно образование:
тригодишно стручно образование:
Наставата, во стручните паралелки се изведува на македонски и албански јазик.
Покрај овие степени на образование во училиштето се организира и настава за дообука и специјализација на одредени наставни програми од областа на градежништвото и архитектурата. Во ова постсредно, специјалистичко образование ги има следните струки:
Во учебната 2012/2013 во СГГУГС „Здравко Цветковски“ ќе се образуваат 1179 средношколци во сите степени на образование. Воспитно-образовната дејност во училиштето ја изведуваат 114 наставника и 21 администартивно-технички и помошен персонал.
СГГУГС „Здравко Цветковски“, во текот на своето долгогодишно постоење, има развиено богата и плодна соработка со повеќе училишта од Македонија, Балканот и пошироко. За посебно одбележување се соработките со: „Средно градежно училиште“ од Сараево, Босна и Херцеговина, 5та Гимназија од Белград, Србија и гимназијата „Владимир Илич Ленин“ од Киев, Украина. Во рамките на Проектот за мир е воспоставена соработка со повеќе средни училишта од областа Пуглиа во Италија: природно-математичка гимназија од ˝О.Tedone˝ од Руво, класична гимназија “Gioia del colle”, гимназијата ˝Marconi˝ од Фогиа и од гимназијата ˝D.Cotugno˝ од Руво. СГГУГС „Здравко Цветковски“ е прв и единствен претставник и координатор на Проектот за мир во Македонија, а изминативе две години по сесрдното залагање и повеќегодишна работа ја добиваме Првата награда во Тревизо, Италија.
Во учебните 2011/12 и 2012/13 во училиштето се реализираат следните проекти:
Од самиот почетокот па до денес, СГГУГС „Здравко Цветковски“, како резултат на професионалниот однос кон воспитно-образовниот процес и развојот на спортскиот дух кај младите, има добиено бројни признанија. Позначајни меѓу нив се: повеќекратни шампиони во кошарка и фудбал на натпревари на ниво на град Скопје, како и во Р Македонија. Исто така, СГГУГС „Здравко Цветковски“ има добиено повеќе Плакети од кои позначајни се: Плакета за успешна соработка и придонес во развојот на факултетот – „Градежен факултет“, Скопје; Плакета за успешна соработка и придонес во развојот на ГИМ – Градежен институт „Македонија“, Скопје и Плакета за поддршка и учество во кампањата „И во Македонија се може“ од првиот приватен факултет ФОН.
Во 2010 година учениците учествуваа во бројни натпревари, но најзначајни се освоените:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.