From Wikipedia, the free encyclopedia
Рустем-паша или Дамат Рустем-паша (османски турски: رستم پاشا; хрватски: Rustem-Paša Opuković — османлиски генерал и политичар од хрватско или српско потекло[5].
Рустем-паша | |
---|---|
Голем Везир | |
На должноста 1544–1553 | |
Претходник | Хадим Сулејман-паша |
Наследник | Кара Ахмед-паша |
Голем Везир | |
На должноста 1555–1561 | |
Претходник | Кара Ахмед-паша |
Наследник | Семиз Али-паша |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1500
Босна |
Починал(а) | 10 јули 1561
Цариград |
Националност | хрватско[1][2][3][4] |
Професија | османлиски државник Голем везир |
Вероисповед | ислам |
Рустем е роден во Скрадин[6] во католичко семејство од кое бил одземен и однесен во Цариград каде се школувал и изградил голема воена и политичка кариера. Тој бил гувернер на Дијарбакир. Во 1539 година се оженил за ќерката на султанот Сулејман I, Михримах султан.
По пет години тој бил поставен за главен везир. За неговиот политички напредок голема улога имала Рокселана која била мајка на неговата сопруга. Како главна задача на Рустем при назначувањето за Голем везир била намалување на инфлацијата и полнење на државната каса. Според историските извори неговиот однос кон семејството бил доста ладен бидејќи не ги примил по нивното доаѓање во престолнината.
Како Голем везир, тој стекнал огромно богатство. Еден дел од своето богатство го искористил за изградба на јавни згради, џамии и добротворни фондации. Во времето на неговата смрт во Цариград на 10 јули 1561 година, неговиот личен имот вклучувал 815 земји во Румелија и Анадолија, 476 мелници, 1.700 робови, 2.900 воени коњи, 1.106 камили итн.
Рустем-пашина џамија се наоѓа во Еминону, и била изградена во периодот од 1561-1563 година од страна на Мимар Синан.
Рустем-паша се смета дека бил еден од главните виновници за погубувањето на шехзаде Мустафа. По неговата смрт, јаничарите и војниците кои биле на страната на Мустафа протестирале против одлуката на Сулејман, и главно ги обвинувале Рокселана и Рустем-паша. По ова Рустем-паша бил ослободен од позицијата голем везир и бил испратен назад во Истанбул.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.