Рупишта (општина)
општина во Костурско, Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рупишта или Хрупишта (дијалектно: Рупишча или Хрупишча; грчки: Δήμος Ορεστίδος, Димос Орестидос) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Рупишта (Аргос Орестико). Ги опфаќа селата во Костурското Поле и областа Костенарија.
Повеќе информации Општина Рупишта Δήμος Ορεστίδος, Карта на општина Орестида (Рупишта) ...
Општина Рупишта Δήμος Ορεστίδος | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Западна Македонија |
Округ: | Костур |
Гео. област: | Костенарија |
Население: | 11.653 (2021) |
Седиште: | Рупишта |
Нас. места: | 31 |
Пошт. бр.: | 520 59 |
Пов. бр.: | 24670-72 |
Портал: | dimos-orestidos.gr |
Затвори
Наречена е по нејзиното главно населено место — гратчето Рупишта (Хрупишта), кое пак на грчки подоцна е преименувано според горномакедонската област Орестида, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија.