Костурски дијалект
From Wikipedia, the free encyclopedia
Костурски дијалект — македонски дијалект во југозападната група на југоисточното македонско наречје.
Се зборува во Костурско, Егејска Македонија, областа Корешта, северно од градот Костур, како и селата Врбник и Билишта, денес во Албанија. Денес, дијалектот се среќава во говорна форма, но во минатото го среќаваме и во пишана форма, на пр. весниците „Нова Македонка“ и „Единство“. Најстарите податоци за говорот од Костурско ги среќаваме во „Македонски лексикон од XVI век“ (Un Lexique Macédonien du XVI siècle), кој содржи повеќе од 300 зборови и фрази од село Богатско.