From Wikipedia, the free encyclopedia
Роналд Вилсон Реган (англиски: Ronald Wilson Reagan; 6 февруари 1911 - 5 јуни 2004 ) бил политичар, државник и актер, најпознат како четириесеттиот претседател на САД.
Роналд Реган Ronald Reagan | |
---|---|
40. претседател на САД | |
На должноста 20 јануари 1981 – 20 јануари 1989 | |
Потпретседател | Џорџ Х. В. Буш |
Претходник | Џими Картер |
Наследник | Џорџ Х. В. Буш |
33. Гувернер на Калифорнија | |
На должноста 2 јануари 1967 – 6 јануари 1975 | |
Намесен управник | Роберт Финч Едвин Рајнеке Џон Л. Хармер |
Претходник | Пат Браун |
Наследник | Џери Браун |
Лични податоци | |
Роден(а) | Роналд Вилсон Реган 6 февруари 1911 Тампико, Илионис, САД |
Починал(а) | 2004, 5 јуни Лос Анџелес, САД |
Партија | Републиканска партија |
Потпис |
Роналд Реган е роден во Тампико, сојузната држава Илионис, на 6 февруари 1911 година. Реган растел во сиромашно семејство, во мало место во северниот дел на Илиноис. Во 1932 година дипломирал на Универзитетот Еурека, каде работел како спортски коментатор на неколку регионални радио станици. По преселувањето во Холивуд 1937, тој станал глумец.
Реган имал долга кариера како глумец во Холивуд (од 1937 година). Притоа, тој бил избиран за претседател на „Screen Actors Guild“,[1] синдикалната организација на глумци, каде работел со цел да го отстрани комунистичкото влијание кое било присутно во неа. Во 1950-те, тој преминува во телевизиската индустрија, каде работи како водител и мотивациски говорник.
Исто така, тој во педесетите години на дваесеттиот век бил ангажиран како водител во театарот на Џенерал Електрик, серија неделни драми кои постигнале голема популарност.[2] Договорот за овој проект барал од него да ги посети фабриките на Џенерал Електрик 16 недели во годината, што честопати подразбирало дека тој треба да одржува 14 говори дневно. Тој од овој ангажман заработил приближно 125.000 тогашни американски долари (што е еквивалентно на 1,1 милион долари во 2020 година).
Од 1964 до 1965 година, Реган за последен пат во неговата филмска кариера се појавува во телевизиската серија „Денови на долината на смртта“.[3]
Во ноември 1994 година му била дијагностицирана Алцхајмерова болест. По десетгодишно боледување, како резултат на Пневмонија, тој починал во својот дом, на 5 јуни 2004 година.
До 1962 година, Реган ги прифаќал идеалите на Демократската партија, а од 1962 до крајот на животот тој бил голем бранител на Републиканската партија (САД) и чувар на конзервативната политичка мисла. Својата политичка кариера, Реган ја започнал како 33. гувернер на државата Калифорнија, а оваа функција ја извршувал во периодот од 1967 до 1975 година при што на оваа функција бил повторно избран во 1970 година. Потоа, Реган во 1968 и 1976 година, двапати се обидел да се номинира за претседател на САД, како кандидат на Републиканската партија, но тие обиди не биле успешни. Четири години подоцна, во 1980 година, тој лесно ја освоил Републиканската номинација и со победата над тогашниот претседател Џими Картер станал најстариот избран претседател на САД. Со преземање на функцијата, тој спровел нови политички и економски иницијативи. Дел од неговите популарни политики биле: намалување на даночните стапки, економска дерегулација и намалување на владините трошоци. Роналд Реган служел како претседател на САД во периодот од 1981 до 1989 година.
Во својот прв мандат, тој преживеал атентат, но тој продолжил да ги реализира своите конзервативни политики, кои позитивно влијаеле врз економијата на САД: инфлацијата се намалила од 12,5% на 4,4% со просечен годишен раст на БДП од 3,4%. Во вториот мандат тој се насочил кон надворешната политика: прекинувањето на Студената војна, бомбардирањето на Либија, обединувањето на Германија и подобрувањето на односите со Советскиот Сојуз. Роналд Реган на симболичен начин, преку неговиот јавен говор пред Бранденбуршката капија во Берлин, го предизвикал тогашниот претседател на С.Сојуз, Михаил Горбачов со позната реченица: „Г-дине Горбачов, срушете го овој ѕид“ (Mr. Gorbachev, Tear Down This Wall!),[4] сакајќи да покаже отвореност и демократско водство. Долгите разговори и дипломатски пресметувања помеѓу Реган и Горбачов резултирале со Договорот за намалување на јадреното оружје,[5]) кој ги обврзал двете страни да ги намалат јадрените арсенали.[6] Само десет месеци откако заминал од функцијата, Берлинскиот ѕид бил урнат.
Кога Реган ја напуштил својата претседателска функција во 1989 година, тој успеал да ја задржи популарноста која изнесувала високи 68 проценти, со што станал највисокорангиран претседател на САД во модерната ера.[7] Исто така, тој е првиот претседател кој бил реизбран после претседателот Ајзенхауер, додека сите претседатели пред него служеле само еден мандат. Иако планирал да остане активен и по неговото претседателствување, во ноември 1994 година му била диагностицирана Алцхајмерова болест. Како што напредувала болеста, неговите јавни појавувања биле се поретки. Тој е икона помеѓу републиканците, почитуван водач од страна на светот и заштитник на конзервативните вредности.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.