Рок-музика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рок-музика — форма на популарна музика со проминентна вокална мелодија, придружена со гитара, тапани и бас-гитара. Многу стилови на рок-музиката користат и клавијатурни инструменти, како што се пијаното и синтисајзерите. Други инструменти кои поретко се искористени во рокот се саксофон, хармоника, виолина, флејта, тимпани и др. Рок-музиката има силно темпо и често се фокусира околу гитара, електрична или акустична.
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Рок-музика | |
---|---|
Стилско потекло: | рокенрол, повеќе блуз, (најмногу џамп-блуз и чикашки блуз) кантри-музика џез американска народна музика |
Културно потекло: | доцни 1940-ти Кливленд, Детроит, Њујорк, Филаделфија |
Својствени инструменти: | гитара, електрична гитара, бас, тапани, клавијатура |
Популарен: | Еден од најпродаваните музички форми од 1950-те |
Произлезени форми: | алтернативен рок - хеви метал - пост-рок - панк-рок |
Поджанрови | |
уметнички рок - христијански рок - класичен рок - пустински рок -детроитски рок - емо - експериментален рок - гаражен рок - женска група - глам-рок - хард-рок - инструментален рок - џем-бенд - мек рок - јужњачки рок - сурф-рок | |
Претопени жанрови | |
блуз-рок - кантри-рок - фолк-рок - инди-рок - панк-рок - џез-фузија - прогресивен рок | |
Регионални сцени | |
БиХ - Македонија - Хрватска - Финска - Германија - Србија - Шведска - В. Британија - САД - Југославија |
Рок-музиката своите корени ги има во 1940-те и 1950-те форми на рокенролот, кој еволуирал од блуз, кантри-музиката и други влијанија. Во доцните 1960-ти, рок-музиката се соединила со фолк музиката за да создаде фолк рок, со блуз за да создаде блуз рок и со џез за џез-рок фузија. Во 1970-те, рокот примил влијанија од соул, фанк и латино музиката. Исто така, во 1970-те, рокот добил голем број на поджанрови, како што се софт-рок, хеви-метал, хард-рок, прогресивен рок и панк-рок. Поджанровите на рокот кои се појавиле во 1980-те вклучуваат синтпоп. хардкор-панк и алтернативен рок. Во 1990-те, нови рок поджанрови се гранџ, бритпоп, инди-рок и ну-метал.
Група на музичари специјализирани во рок-музика се нарекува рок-бенд или рок-група. Многу рок бендови се состојат од гитарист, пејач, бас гитарист и тапанар, формирајќи квартет. Некои групи користат пејач кој истовремено свири на инструмент додека пее, притоа формирајќи трио; други вклучуваат двајца или еден ритам гитарист и некој кој свири на клавијатура. Многу ретко, групите користат жичени инструменти како што се виолина или виолончело и/или дувачки, како саксофон, труба или тромбон.