Листовите на розата се наизменично поврзани на стеблото. Кај повеќето видови, листот е долг 5-15 сантиметри. Повеќето рози се листопадни, но постојат и некои видови (најчесто од Југоисточна Азија) кои се зимзелени или речиси зимзелени билки.
Систематика
Според родот, розите се делат на:
Hulthemia
Hesperrhodos
Platyrhodon
Rosa
anksianae
Bracteatae
Caninae
Carolinae
Chinensis
Gallicanae
Gymnocarpae
Laevigatae
impinellifoliae
Rosa
Synstylae
Розата во козметиката
Во козметиката, розата најмногу се користи како етерично масло или за мирис (екстракт) кое се додава во парфеми, шампони или разни креми.
Во готварството, розата често служи како зачин, но во некои краеви (Бугарија) се прави слатко или џем од роза.
Розата (особено дивата роза) се користи за подготовка на чај, а некои состојки од розата се користат за правење лекови.
Розата како тема во книжевноста
„Девојката ѝ се жали на розата“ (српски: Дјевојка се тужи ђулу) - српска народна песна.[5]
„Камени рози“ (англиски: The Stone Roses) - британска рок-група.[27]
„Отруена роза“ (англиски: Poisoned Rose) - песна на британскиот рок-музичар Елвис Костело (Elvis Costello) од 1986 година.[28]
„Рози во болницата“ (англиски: Roses In The Hospital) — песна на британската рок-група Меник стрит причерс (Manic Street Preachers) од 1993 година.[29]
„Роза што лази“ (англиски: Ramblin' Rose) - песна на американската рок-група МЦ5 (MC5) од 1969 година.[30]
„Последната жива роза“ (The Last Living Rose) - песна на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.[31]
„Црвени рози за мене“ (англиски: Red Roses For Me) - албум на ирската рок-група Поугс (The Pogues) од 1984 година.[32]
„Прериска роза“ (англиски: Prairie Rose) - песна на британската рок-група Рокси Мјузик (Roxy Music) од 1974 година.[33]
„Парада на рози“ (англиски: Rose Parade) - песна на американскиот пејач Елиот Смит (Elliott Smith) од 1997 година.[34]
„Рози во снегот“ (англиски: Roses In The Snow) - песна од истоимениот албум на американската фолк-музичарка Емилу Харис (Emmylou Harris) од 1980 година.[35]