![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/1e/Robinson_Crusoe_1719_1st_edition.jpg/640px-Robinson_Crusoe_1719_1st_edition.jpg&w=640&q=50)
Робинзон Крусо
роман на англискиот писател Даниел Дефо / From Wikipedia, the free encyclopedia
Робинзон Крусо (англиски: Robinson Crusoe) — роман на англискиот писател Даниел Дефо. Првпат е објавен во Англија во 1719 г. и се смета за првиот англиски роман. Книгата е замислена автобиографија на насловниот лик — Англичанец, кој преживеал бродолом и останал да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на Венецуела, наидувајќи на староседелци, заробеници и бунтовници, пред конечно да биде спасен. Се верува дека приказната е инспирирана од вистинско искуство на шкотскиот морнар Александар Селкерк кој живеел повеќе од четири години на некој тропски остров во близината на Чиле. Книгата го доживеала првото издание на 25 април 1719 година. Нејзиниот целосен наслов бил „Животот и изненадувачките авантури на Робинзон Крусо од Јорк, морнар кој живеел дваесет и осум години сам на ненаселен остров на крајбрежјето на Америка, близу до устието на големата река Ориноко; откако бил исфрлен на брегот од бродолом, додека сите други загинале освен него. Со осврт на тоа како најпосле чудно бил донесен од пиратите. Напишано од него.“ Книгата веднаш наишла на позитивен прием. Истата година биле отпечатени четири изданија, а за неколку години постигнала поголема читаност од која и да било книга напишана на англиски. До крајот на 19 век ниту една книга во историјата на западната литература немала толку изданија, преводи и адапции како „Робинзон Крусо“.[1]
![]() Насловна страна од првото издание | |
Автор | Даниел Дефо |
---|---|
Илустратор | непознат |
Земја | Англија |
Јазик | англиски |
Жанр | Роман |
Издавач | W. Taylor |
Издадена | 25 април 1719 |
Медиум | книга |
Следна | Понатамошните авантури на Робинзон Крусо |