Роберт Кох
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Кох (11 декември 1843 – 27 мај 1910 ) — германски лекар. Неговото значење за развитокот на медицината, науката и човековото знаење воопшто се состои во следното:
- изолирањето на Bacillus anthracis (1877)
- изолирање на бацилот на туберкулозата (1882)
- изолирање на Vibrio cholerae (1883)
- развојот на Коховите постулати
Кратки факти Роберт Кох, Роден(а) ...
Роберт Кох | |
---|---|
Роден(а) | 11 декември 1843(1843-12-11) |
Починал(а) | 27 мај 1910(1910-05-27) (возр. 66) |
Полиња | Микробиологија |
Познат по | Кохови постулати Изолација на бактериите кои предизвикуваат антракс, туберкулоза и колера |
Поважни награди | Нобелова награда за физиологија или медицина (1905) |
Потпис |
Затвори
Роберт Кох ја добил Нобеловата награда за физиологија или медицина за неговата работа за откривањето на причинителот на болеста туберкулоза во 1905. Се смета за еден од основачите на бактериологијата, која е гранка на микробиологијата.