Роберт Едвардс
From Wikipedia, the free encyclopedia
From Wikipedia, the free encyclopedia
Роберт Џефри Едвардс (англиски: Robert Geoffrey Edwards; 27 септември 1925 - 10 април 2013) — британски физиолог, научник и пионер во лечењето на неплодноста со примена на методата со вештачко оплодување. За придонес во развојот на репродуктивната медицина и вештачкото вонтелесно оплодување, на Едвардс во 2010 година му била доделена Нобеловата награда за физиологија или медицина.[2]
Сер Роберт Едвардс | |
---|---|
Роден(а) | Роберт Џефри Едвардс 27 септември 1925[1] Батли, Англија |
Починал(а) | 10 април 2013 87) близу Кембриџ, Англија | (возр.
Полиња |
|
Установи |
|
Образование |
|
Теза | „The experimental induction of heteroploidy in the mouse“ (1955) |
Поважни награди | Нобелова награда (2010) |
Страница | |
nobelprize.org/nobel prizes/medicine/laureates/2010 |
Роберт Едвардс е роден на 27 септември 1925 во Манчестер, Англија. По завршување во гимназијата во Манчестер едно време служел во британската војска. Студирал земјоделство на Универзитетот Бангор, во Велс, и докторирал „генетика на животни“. Во 1963 година пристапил кон Универзитетот во Кембриџ, каде бил соработник во Черчиловиот колеџ.[3] Неговата сопруга Рут Фаулер Едвардс била внука на физичарот Ернест Радерфорд и ќерка на физичарот Ралф Фаулер. Едвардс бил татко на пет ќерки и дедо на 11 внуци. Како пензиониран професор по репродуктивни науки на Универзитетот во Кембриџ, Роберт Едвардс починал во 87 година од животот, на 10 април 2013 во Кембриџ.[4]
Роберт Едвардс своите научни истражувања ги започнал за време на педесеттите години на XX век, откако сфатил дека вонтелесното оплодување може да претставува можен одговор на неплодност. Заедно со колегата Патрик Стептоу, во 1968 година развиле метода на вонтелесно оплодување на јајце-клетките.
Четири години подоцна Едвардс и Стептоу примениле замена на ембрион во неплодните мајки, но неколку трудници завршиле со спонтан абортус. Едвардс и Стептоу во 1977 пробале со нова терапија која не претходела на хормонска стимулација на јајниците, веќе се заснивала на прецизно програмирано време на оплодување. Во јули наредната година родена е Луиз Браун, прво бебе од епрувета.[5][6] Едвардс и Стептоу со своите соработници за време на својата истражувачка работа биле соочени со бројни проблеми, вклучувајќи голем број на критики и тужби и недостаток на материјални средства за истражување. Откако биле одбиени од страна на многу официјални медицински институции, нивните обиди наишле на непријателски став на бројни верски организации,[7] вклучувајќи и одбивање на британската влада финансиски да ги поддржи истражувањата,[8] ги приморало Едвардс и Стептоу да се свртат кон помошта на приватните дарители. Професорот Стептоу починал во 1988 година па битката со проблемите и истражувањата Едвардс ги продолжил самостојно како научник и уредник на медицински магазини. Благодарение на методата која ја развиле овие два научници до 2010 година во светот преку овој пат се родени повеќе од четири милиони бебиња. Се смета дека моментално, со вештачко оплодување, светлоста на денот ја гледаат два до три проценти од вкупниот број на новороденчиња.[2] Роберт Едвардс за неговиот придонес во лечењето на неплодноста со вештачко оплодување, во неговата 85 година, му е доделена Нобеловата награда за физиологија или медицина.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.