Рибарци — село во Општина Росоман, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Рибарци | |
Координати 41°30′35″N 21°57′41″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Росоман |
Население | 29 жит. (поп. 2021)[1] |
Шифра на КО | 11037 |
Надм. вис. | 378 м |
Рибарци на општинската карта Атарот на Рибарци во рамките на општината | |
Рибарци на Ризницата |
Селото се наоѓа во Тиквешијата, оддалечено 10 километри северозападно од Кавадарци и 3 километр источно од општинскиот центар Росоман.
Во XIX век селото било дел од Тиквешката каза на Отоманското Царство.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Рибарци живееле 165 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Рибарци имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година селото имало околу 41 жител, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 29 жители, од кои 27 Македонци, 1 Србин и 1 останат.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 165 | 136 | 225 | 207 | 189 | 142 | 67 | 51 | 39 | 41 | 29 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови
Според истражувањата од периодот 1914-1924 година, родови во селото
- Македонски родови:
- Доселеници: Кочовци-Гоговци (3 к.) доселени се на почетокот од XIX век од старото село Демир-Попадија; Туневци (1 к.) доселени се во исто време кога и претходниот род од селото Градско; Иловци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Сопот; Грозановци (1 к.) доселени се во 1850 година од селото Паликура; Пауновци (2 к.) доселени се во 1850 година од селото Сопот; Ѓувалевци (1 к.) доселени се од селото Бизевиќ во 1875 година; Мановци (1 к.) доселени се во 1880 година од селото Рисјанска Курија; Митревци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Паликура.[10]
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 714 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на продавница.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 31 гласач.[12]
- Верски градби
- „Св. Ѓорѓи“ - камен темелник осветен и поставен на 1 декември 2015 година;[13]
- Археолошки наоѓалишта[14]
- Бела Вода - населба од римското време
- Грамаѓе - населба од младото камено време
Wikiwand in your browser!
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.