From Wikipedia, the free encyclopedia
Рециклирање (преработка на отпад или добивање на второсуровини) е преработка на користените материјали за добивање нови производи. Со овој процес се спречува губењето на материјали, намалувањето на потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето во воздухот и во водата. Се рециклираат многу видови на стакло, хартија, метал, пластика, текстил и електроника. Речиси половина од отпадот што го создаваат луѓето може да се рециклира. Знакот за рециклирање има три стрелки кои ги означуваат трите фази: собирање, преработка и повторна употреба.
Рециклирањето е трета компонента од таканаречената хиерархија на отпад која гласи „Намали, искористи повторно, рециклирај“[1]. Рециклирањето цели кон подобрување на животната средина со намалување на користењето на нови суровини и создавање на „циркуларна економија“[2], во која на отпадот не се гледа како на финален производ, туку како ресурс за создавање на нови производи.
Многу типови на стакло, хартија, картонски амбалажи, метали, пластика, гуми, текстил и електроника важат за материјали кои можат да се рециклираат. Компостирањето и другите употреби на биоразградливиот отпад, како што е храната или отпадот од градини, исто така се смета за рециклирање.
Рециклирањето било вообичаена пракса во најголем дел од човековата историја, датирајќи од 4 век п.н.е., кога Платон се јавува како еден од првите поборници на овој процес.[3] Во период на недостиг на ресусрси, во археолошките пронајдоци од антички депонии имало помалку домашен отпад (пепел, скршен алат, глинени садови), укажувајќи дека поголем дел од отпадот се рециклирал во недостиг на нови материјали.
Во пред-индустриските општества, постојат докази за рециклирање на бронза и други метали, кои биле топени и обликувани одново за разни потреби. Рециклирањето на хартија првпат е регистрирано во Јапонија во 1031 година.
Индустријализацијата ја зголемила потребата за достапни материјали. Железничките компании продавале и купувале остатоци од метали во 19 век, исто како и растечката автомобилска индустрија на почетокот од 20 век.
Шишиња од пијалаци биле рециклирани со рефундиран депозит во некои фабрики („Швепс“) во Велика Британија и Ирска околу 1800 година. Првиот официјален систем за рециклирање со рефундиран депозит бил создаден во Шведска во 1884 година.
Голем број на системи за собирање на отпад погоден за рециклирање се имплементирани во светот. Тие се компромис помеѓу комфорот на граѓаните и цената и леснотијата на имплементирање од страна на властите. Постојат три главни категории: "drop-off" центри, откупни центри како и улично колектирање.[4]
Уличното колектирање опфаќа повеќе суптилно различни системи, кои се разликуваат во поглед на тоа во кој дел од процесот рециклатите се собираат и чистат. Главните категории се: колекција на мешан отпад, мешани рециклати (системи со единечен тек) како и сепарација директно од изворот на отпад. Најчесто, отпадот се собира со возило за таа намена.
Во случајот на колекција на мешан отпад, сите рециклати се измешани со остатокот од отпадот, а потоа посакуваниот материјал се сортира и чисти во објекти со таа намена. Ова резултира со компромитирање на големо количество од отпадот погоден за рециклирање, во главно хартијата, но исто така има и свои предности: градот не треба да плаќа за одделно колектирање на рециклатите и не е потребна јавна едукација.
Во системите со единечен тек, сите материјали погодни за рециклирање се измешани меѓусебно, но се одвоени од останатиот отпад. Во овој случај се значајно се намалува потребата од чистење на отпадот по собирањето на истиот, но се јавува потребата од едукација на јавноста за тоа кои материјали се погодни за рециклирање.[4]
Во овие центри се откупува чист рециклат, со што се обезбедува очигледен поттик за создавање на стабилно снабдување. Процесираните материјали потоа можат повторно да бидат продадени. Ако оваа операција е профитабилна, доведува со намалување на емисијата на штетни гасови; доколку е непрофитабилна, се зголемува емисијата на штетни гасови. Владини субвенции се потребни со цел овие откупни центри да бидат остварливо решение.
Производителите на отпад во овој случај се должни да го однесат рециклатот до една централна локација, која може да биде: инсталирана, мобилна станица за колектирање или самата фабрика за преработка на отпадот. Во поглед на имплементирање, овој систем е наједноставен, меѓутоа има низок и непредвидлив доток на отпад.
Хартијата се произведува во големи фабрики. Поголемиот дел од хартијата се добива од меко дрво, како смрека или бор.
Со проценува дека со рециклирање на еден тон канцелариска хартија, се спасуваат 17 стебла дрво, се штедат 4.200 киловати енергија и 3.200 литри вода.[5]
Стаклото е единствен амбалажен материјал што може неограничено да се рециклира и притоа да го задржи истиот квалитет. Тоа се селектира по боја, при што се одвојува необоено, зелено и кафеаво стакло. Потоа се врши третман на стаклото и се ситни на помали честички, гранули и се пакува.
Еден тон рециклирано стакло заштедува 42 киловат/час електрична енергија, 19 литра нафта, 2 метри кубни депониски простор, 603 килограми песок, 196 килограми сода, исто толку варовник и 70 килограми фелдспат.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.