From Wikipedia, the free encyclopedia
Ресенското советување се одржало на 15 август 1894 година (стар стил), на празникот Голема Богородица.
Како повод за советувањето било искористено осветувањето на ново изградената црква Св. Кирил и Методиj. Советувањето започнало во куќата на Татарчеви и траело три дена.
На него присуствувале претседателот на МРО, Христо Татарчев, секретарот Дамјан Груев, Атанас Лозанчев, Георги Пешков, Григор Попев, Трајко Доревски, Александар Хаџи Панов, Славејко Стрезов, Александар Чакаров, Атанас Мурџев и Тодор Станков [1].
Оваа советување требало да има регионален карактер и одлуките донесени требало да се однесуваат замо за Битолскиот револуционерен округ меѓутоа тие се однесувале во целина на Организацијата.
Според Татарчев на ова советување биле донесени следните одлуки:
„ | 1) Територијата на Македонија да се подели на револуционерни реони на чело со авторитетни лица 2) Матерјални средстава да не се собираат само од членовите, туку и од симпатизерите на делото 3) Во црково-просветните институции да се провлечат што поголем број на симпатизери на делото 4) Засилување на пропагандата со печатење на месни весници и ширење на револуционерна литература [1]. | “ |
Советувањето претставувало силен импулс за понатамошната дејност, биле потврдени старите принципи, односно Организацијата ја продолжила борбата за контрола на црковно - училишните општини.
Новина претставувала поделбата на Македонија на револуционерни реони меѓутоа поради недостаток на изворна документација не се знае како оваа одлука е спроведена во пракса но по советувањето како револуционерни центри се одвоиле Солун, Битола и Штип.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.