Реон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Реон — месност определена со некакви географски, економски и сл. признаци; дел од населено место определено со некакви признаци.[1] Го одликува одредена географско-територијална еднородност и особеност. Спрема големината може да се издвојат микро, мезо и макрореони.
Исто така, реон може да биде административно територијална единица во уредувањето на некои држави, на пр. Русија, Белорусија и др. Понекогаш реонот се смета и за синоним за регија.