Резовска Река
From Wikipedia, the free encyclopedia
Резовска Река, Резова Река, Резваја (бугарски: Резовска река, Резова река, Резвая) или Мутлудере турски: Mutludere) — река на крајниот југоисток на Бугарија и најсеверниот дел на (европска) Турција. Тече низ бугарскиот природен парк „Странџа“.
Резовска Река | |
---|---|
Местоположба | |
Физички особености | |
Устие | Црно Море, бугарско-турска граница 41°58′59″N 28°1′46″E |
Должина | 112 км |
Особености на сливот |
Реката е долга 112 км и извира на турската страна на масивот Странџа под името „Паспалдереси“ (Paspalderesi). Тече на исток, го одминува селото Паспалово и доаѓа меѓу двете земи, исцртувајќи ја државната граница[1] сè до вливот во Црното Море кај селото Резово, Општина Царево. Ова е најјужната точка на бугарскиот црноморски брег и најсеверната точка на турска страна, како и најјугоисточната точка на Бугарија[2]. Долга е 112 км, и по речиси целото течение ја исцртува границата меѓу Бугарија и Турција и најсеверната на Источна Тракија. Сливното подрачје на Резовска Река опфаќа 738 км2, од кои 555 км2 ѝ припаѓаат на Турција. Најдолга притока е Велика.