![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/60/Istanbul%252C_Hagia_Sophia%252C_Allah.jpg/640px-Istanbul%252C_Hagia_Sophia%252C_Allah.jpg&w=640&q=50)
Рамазан
исламски празник / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) — исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.
Дел од темата |
Верувања и обичаи |
Божје единство |
Главни дејци |
Мухамед |
Текстови и Закони |
Куран • Хадис • Шеријат |
Гранки на исламот |
Социополитички аспекти |
Академци • Филозофија |
Поврзано |
Исламски лексикон |
Рамазан е еден од Петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови — милост, благодат и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии — духовна, морална, солидарна и здравствена.