Ракетни напади во Барда 2020 година
From Wikipedia, the free encyclopedia
Ракетните напади во Барда (азерски: Bərdənin bombalanması) била серија од три воздушни напади врз градот Барда, како и селата Əyricə и Карајусифли во истиот округ, во Азербејџан за време на Втората војна во Нагорно-Карабах. Во нападите биле вклучени ракетите БМ-30 Смерч со касетни боеви глави и резултирало со 27 загинати цивили.
Ракетни напади во Барда | |
---|---|
Дел од Втората војна во Нагорно-Карабах | |
Место | Барда, Азербејџан, Ајриџа и Карајусифли, Азербејџан |
Датум |
|
Вид напад | Ракетен напад |
Употребено оружје |
|
Мртви | 27 |
Повредени | 85 |
Напаѓачи |
|
Првиот напад се случил на 27 октомври, при што загинале 5 цивили, а биле ранети уште 13. Следниот ден, на 28 октомври, неколку проектили ја погодиле Барда, при што загинал 21 цивил, вклучително и еден доброволец од Црвената полумесечина, а биле ранети уште 60. Тоа бил најсмртоносниот напад врз цивили и најлошиот биланс на цивилни жртви за време на војната.[1][2][3] На 7 ноември, ерменските сили истрелале ракета врз селото Ајриџа, при што загинало 16-годишно момче.[4]
Азербејџан ја обвинил Ерменија за нападите и изјавил дека касетна муниција била користена против цивили. Хјуман рајтс воч и Амнести интернешенал ја потврдиле употребата на касетна муниција од страна на Ерменија, додавајќи дека „пукањето со касетна муниција во цивилни области е сурово и несовесно и предизвикало неискажана смрт, повреди и беда“.[5][6] Ерменија негирала каква било одговорност, додека непризнатата Република Арцах ја признала одговорноста за нападите, но изјавила дека целта била воени објекти.