италикански геенрал и премиер From Wikipedia, the free encyclopedia
Пјетро Бадољо (италијански: Pietro Badoglio) Грацано Монферато, 28 септември 1871 — Грацано Бадољо 1 ноември 1956 бил италијански војсководец и политичар. Завршил воена академија во Торино. Во италијанската војска служел од 1892 и како артилериски поручник учествувал во колонијалните војни: етиопскиот воен поход во 1892 година како и во либијската офанзива против Турција од 1911 до 1912. Учесник во Првата светска војна. Во 1919 година избран е за сенатор, а подоцна работел и во дипломатијата, меѓу другото бил амбасадор на Италија во Бразил. По Првата светска војна го добил чинот маршал и помеѓу 1929 и 1933 година вршел должност на генерален гувернер на Либија. Од кралот Викторио Емануел III ја добил титулата кнез на Адис Абеба и именован е за гувернер и вицекрал на Етиопија.
Пјетро Бадољо | ||
Роден | септември 28, 1871 Грацано Монферато Кралство Италија | |
---|---|---|
Починал | 1 ноември 1956 85) Грацано Бадољо Италија | (возр.
Од 1940 година бил началник на генералштабот. Спротивставувајќи се на учеството на Италија во Втората светска војна, по агресијата на Грција поднесува оставка. Бадољо на 26 јули 1943 година именуван е за премиер откако кралот го сменил Мусолини од таа функција. Го потпишал актот за безусловна капитулација на Италија, а подоцна објавил војна на Германија. Останал премиер сè до ослободувањето на Рим 1944 година.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.