From Wikipedia, the free encyclopedia
Пукачки игри (англиски: Shooter games) или пукачи се поджанр на акциони игри,[1] во кои играчот треба брзо и правилно да дејствува со оружје.[2] Бидејќи мнозинството видеоигри се пукачки,[1] овој поджанр е прилично обемен. Содржи многу поджанрови, кои се вртат околу „контролирање на ликот користејќи некој вид на оружје. Обично се работи за огнени оружја или друг вид на стрелачки оружја.“.[1] Најчеста залиха потребна на играчите во пукачките игри е муниција.[2]
Постојат многу критериуми што го одредуваат типот на пукачката игра. Подолу се наброени некои од поважните гледишта.
Играчот обично ја следи ситуацијата преку очите на ликот (пукач од прво лице или преку камера што го следи ликот, еден или два метри позади него (пукач од трето лице). Постојат и други перспективи, како на пример неподвижни дводимензионални, во помалите игри.
Игри што се стремат кон симулирање на веродостојна балистика и повреди на ликот се тактичките пукачи. Повеќето пукачки игри имаат променливи рамништа на веродостојност, а некои дури и се граничат со целосна фантастика.
Додека повеќето пукачи играчот ги игра сам, постојат некои игри каде што играчот може да управува со тим од ликови, обично директно управувајќи еден од нив, а другите преку наредби. Игри со неиграчки ликови кои се борат заедно со играчот, но не можат да се управуваат директно (дали преку префрлање на контролата или преку наредби) не се сметаат за такви игри.
Ако пукачката игра е достапна за играње преку интернет, постојат уште неколку други поделби. Тимски игри се оние каде што играчите се делат во два (многу ретко и повеќе) тимови кои се натпреваруваат меѓу себе. Здружените игри имаат неколку играчи на истата страна кои се борат против компјутерски ликови, без присуство на човечки противници. Детмеч (или „секој за себе“) е тип на групна игра каде што сите играчи се натпреваруваат меѓу себе.
Во пукачките игри од прво лице дејството се гледа преку очите на ликот. Позначајни примери од овој жанр се Doom, Quake, Half-Life, Counter-Strike, Medal of Honor, Call of Duty, Halo и други.[3]
Во пукачките игри од трето лице играчот го гледа целиот лик од позади. Меѓу позначајните примери се Max Payne, Metal Gear и други.
Тактичките пукачки игри се карактеристични по тоа што симулираат веродостојни борби. Значајни примери од овој жанр се Tom Clancy's Rainbow Six и серијалите Ghost Recon и Operation Flashpoint.
Покрај овие, понекогаш и артилериските игри се сметаат за „пукачки игри“,[4] но почесто се сместуваат во стратегиски игри.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.