From Wikipedia, the free encyclopedia
Поскура, просфора[1][2] или панагија[3][4] — обредно лепче од квасено пресно тесто, симбол на Телото Христово, што служи за причестување во православната црква[5].
Има повеќе начини за подготовка на поскура, ерусалимски, светогорски, а може да се разликува и од манастир до манастир[6].
За време на правењето на просфората тој што ја прави треба да се моли со Исусовата молитва.
Квасецот се раствора во половина шолја млака вода, исто како при месење на обичен леб. Во длабок сад се става брашното и во него се прави мала дупка за солта. Убаво се меша со брашното и се додава растворениот квасец. Полека се додава преостанатата вода, а потоа се меси подолго време така што да биде доволно цврсто.
За обликување на поскурата неопходен е печат.
Тестото се дели на 5 еднакви дела и од секој дел се прави по една поскура. Се размесува топката тесто, се посолува брашно на местото каде што се меси и потоа со сучење низ дланките се извлекува нагоре. Потоа тестото се истенчува на половината со сучење со малите прсти и се добиваат две споени, но посебни половини. Со внатрешниот дел од дланката овие половини се сплескуваат во форма на диск со што поправилна кружна форма. Потоа се превртува поскурата и се измазнува долниот дел, повторно се посолува брашно, се превртува поскурата, се мазни горната површина со дланката и внимателно се удира печатот.
Во посебен плех посипан со малку брашно се редат поскурите и се печат во претходно загреана рерна, на 150оС околу еден час.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.