Променлива ѕвезда од типот на Делта Штит

вид променлива ѕвезда From Wikipedia, the free encyclopedia

Променлива ѕвезда од типот на Делта Штит (наречена и џуџеста кефеида кога замавот во појасот V е поголем од 0,3 mag) — поткласа на млада пулсирачка ѕвезда. Овие променливи и класични кефеиди се важни мерила (стандардни свеќи) со чија помош се утврдени растојата до Големиот Магеланов Облак, збиените јата, расеаните јата и галактичкото средиште.[1][2][3][4] Променливите го следат односот помеѓу периодот и сјајноста во извесни појаси како другите стандардни свеќи како кефеидите.[3][4][5][6] Променливите од типот на SX Феникс се сметаат за поткласа на променливите од типот на Делта Штит кои содржат стари ѕвезди, и можат да се најдат во збиени јата. SX Phe-променливите исто така го следат односот период-сјајност.[3][6] Уште една поткласа се променливите од овој тип пред главната низа.

Со астрономските прегледи OGLE и MACHO се утврдени речиси 3000 променливи од типот на Делта Штит во Големиот Магеланов Облак.[5][7] Обично имаат колебливост во сјајноста од 0,003 до 0,9 величини во V во траење од жнеколку часа, иако замавот и периодот на колебањата знае во голема мера да се разликува. Ѕвездите обично се џинови од типовите A0 до F5 или главната низа. Големозамавните променливи од типот на Делта Штит се нарекуваат и ѕвезди од типот на AI Едро. Тие го заземаат второто место по изобилност како извори на зрачење во Млечниот Пат, зад белите џуџиња.

Кај ѕвездите од типот на Делта Штит се забележуваат како радијални, така и нерадијални сјајносни пулсирања. Нерадијалните пулсирања се случуваат кога едни делови од површината одат навнатре, а други нанадвор во исто време. Радијалните се посебен случај, при што ѕвездата се шири и собира околу нејзината тежишна состојба со наизменично менување на полупречникот за да го одржи својот топчест облик. Оваа појава се објаснува со т.н. Едингтонов вентил или капа-механизам. Нивната атмосфера озиболува со хелиум, кој претрпува поголема јонизација при загревање, што го прави повеќе светлонепропуслив. Во најбледиот дел на циклусот, ѕвездината атмосфера има високонепропуслив хелиум кој го попречува излегувањето на светлината. Енергијата од оваа попречена светлина предизвикува загревање на хелиумот, кој потоа се шири, се јонизира, станува попропуслив за светлината. Со поголемата пропусност ѕвездата делува посјајна и, со ширењето, хелоумот почнува да се лади. Потоа хелиумот се збива и повторно се загрева, така продолжувајќи го циклусот. Во текот на својот животен век, ѕвездите од типот на Делта Штит пулсираат повеќе кога се сместени во класичниот кефеиден појас на нестабилност. Потоа преоѓаат од главната низа во гранката на џинови.

Прототипот на ваквите ѕвезди е Делта Штит (δ Sct), чија сјајност се колеба од +4,60 до +4,79 привидна величина во период од 4,65 часа. Други познати ѕвезди од овој тип се Алтаир, Денебола (β Лав) и β Касиопеја. Се претпоставува дека таква е и ѕвездата Вега (α Лира),[8] иако тоа не е потврдено.

Примери

Повеќе информации Име, Соѕвездие ...
Име Соѕвездие Прив. вел. (најг.)[9] Прив. вел. (најм.)[9] Величински опсег Период Спектрален тип Забелешка
Гама Воловар Воловар 3св,02 3св,07 &100000000000000000500000,05 &100000000000000069600006,96 ч A7III
Епсилон Кефеј Кефеј 4св,15 4св,21 &100000000000000000600000,06 &100000000000000009800000,98 ч F0IV
Делта Штит Штит 4св,6 4св,79 &100000000000000001900000,19 &100000000000000046500004,65 ч F2 IIIp прототипна
Затвори

Други примери се Сигма Октант и Бета Касиопеја.

Наводи

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.