Природна катастрофа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Природна катастрофа е голем негативен настан како резултат на природни процеси на Земјата, меѓу кои и поплави, цунами, вулкански ерупции, земјотреси и други геолошки процеси. Природната катастрофа може да предизвика губење на живот или оштетување на имоти и обично остава економска штета зад себе, тежината што зависи од издржливоста на засегнатото население, или способноста да закрепнат.[1]
Негативниот настан нема да дојде до ниво на катастрофа ако се случи во област без ранливо население.[2][3][4] Секако дека во ранлива област, како Сан Франциско, еден земјотрес може да има катастрофични последици и да остави трајни оштетувања, за кои ќе бидат потребни години да се поправат.