Припор (Кочанско)

село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

Припор (Кочанско)map

Припор или Припур — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Кратки факти
Припор
Thumb

Поглед на Припор

Thumb
Припор
Местоположба на Припор во Македонија
Припор на карта

Thumb

Координати 41°57′04″N 22°25′30″E
Регион Источен
Општина Кочани
ОбластОсоговија
Население0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр.2300
Повик. бр.033
Шифра на КО13035
Надм. вис.660-780 м
Припор на општинската карта
Thumb

Атарот на Припор во рамките на општината
Припор на Ризницата
Затвори

Географија и местоположба

Припор се наоѓа во областа Осоговија, во вододелницата меѓу Кочанска на запад и Оризарска Река на исток, недалеку од Кочани во северен правец. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 660-780 м. Селскиот атар зафаќа површина од 4,3 км2.[2]

Месностите во селскиот атар се познати како: Караула, Шипци, Шијанка, Лазов Чукар, Витошки Рид, Блажов Рид и Мегдан. Селото е поделено на маала: Старо Маало, Дедо Никодиновци, Ваљавичарци и Прекориѓани. Жителите на секое маало припаѓале на еден род. Вода за пиење селото добивало од неколку послаби извори. Најобилно со вода е маалото Ваљавичарци, а најоскудно маалото Прекориѓани.[3]

Историја

Според преданието, Припор е млада населба којашто потекнува од околу 1820 година кога била основана од доселеник од селото Костин Дол. Земјата ја купил од некој кочански Турчин. Во време на основање на селото, атарот бил покриен со шума, но шумата подоцна била исечена главно за потребите на кочанското турско население.[3]

Стопанство

Селото е многу сиромашно затоа што земјиштето во него е зафатено со ерозивни процеси. Мештаните говореле:

„Едно време се раѓаше бериќет секаде. Сега водата ја однесе земјата, остана само каменот. Од година до година се полошо идет. Во српско време живевме со кози и дрва.“[3]

Во рамките на селскиот атар, пасиштата преовладуваат на површина од 277 ха, на шумите отпаѓаат 87 ха, а на обработливото земјиште 30 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194876    
195382+7.9%
196166−19.5%
197148−27.3%
198111−77.1%
ГодинаНас.±%
19919−18.2%
19945−44.4%
20021−80.0%
20210−100.0%
Затвори

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Припор живееле 60 жители, сите Македонци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Припор живее 1 жителка Македонка.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 / 76 82 66 48 11 9 5 1 0
Затвори
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Припор е македонско село.

Родови во селото биле: Данчевци (4 к.) и Николовци (2 к.) кои потекнуваат од ист предок кој бил основач на селото, а се доселил од селото Костин Дол. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 50 г. на крајот на 1950-тите); Лазар-Стаменко-Данче (се доселил неговиот татко). Основачот на селото имал 3 сина: Данче, Никола и Митре. Од Данче се Данчевци, од Никола се Николовци, а од третиот син бил родот Митревци; Миладиновци (3 к.) и Ваљавичарци (2 к.), кои исто така се доселени од селото Костин Дол. Во родот Ваљавичарци се знае следното родословие: Стефан (жив на 50 г. на крајот на 1950-тите години); Стојмен-Василко-Анѓелко (се доселил).[3]

Иселеништво

Од селото има иселеништво Кочани. Од родот Миладиновци се преселиле две домаќинства; од Митровци се иселило едно домаќинство, но потоа се поделиле на повеќе; и од родот Ваљавичарци исто така заминало едно домаќинство, но тие ја зачувале зејата во Припор.[3]

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 1955 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Припор било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Култура и традиција

Селото нема селска слава. Гробиштата се наоѓаат во близина на Старо Маало.[3]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[11]
  • Припор — населба од доцноантичкото време.

Личности

  • Крсто Припорски (1900 — 1931) — македонски револуционер и деец на ВМРО.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.