![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/thumb/9/99/Afrim_Gashi_2024.jpg/640px-Afrim_Gashi_2024.jpg&w=640&q=50)
Претседател на Собранието на Македонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседател на Собранието на Република Македонија — главен раководител на Собранието на Република Македонија. Претседателот се избира од редот на пратениците со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници (61 пратеник). Мандатот на претседателот трае четири години.
Кратки факти Претседател на Собранието на Република Македонија, Назначувач ...
Претседател на Собранието на Република Македонија | |
---|---|
![]() Логото на Собранието | |
Назначувач | Собранието на Република Македонија |
Мандат | Четири години |
Прв функционер | Стојан Андов |
Создадена | 1991 |
Плата | 2.700 €/месечно[1] |
Мреж. место | Официјално мрежно место |
Затвори
Претседателот на Собранието го претставува Собранието, ги свикува седниците на Собранието и раководи со нив, се грижи за примена на Деловникот на Собранието, ги потпишува указите за прогласување на законите и врши други работи утврдени со Уставот на Република Македонија и со Деловникот на Собранието. Актуелен претседател на Собранието е Талат Џафери од ДУИ.[2]