Преднонепчена носна согласка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Преднонепчена носна согласка (палатален назал) — вид на согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ ɲ⟩,[1] (мало n со налево свртено опавче што излегува од долната лева ногарка на буквата). X-SAMPA ја користи буквата J. Симболот на МФА е сличен на симболите ⟨ɳ ⟩ (свиена носна согласка, и ⟨ŋ⟩ (заднонепчена носна согласка), но нивните опавчиња се поинакви.
Преднонепчена носна согласка | |||
---|---|---|---|
ɲ | |||
| |||
МФА-бр. | 118 | ||
Шифрирање | |||
Единица (дек.) | ɲ | ||
Уникод (хекс.) | U+0272 | ||
X-SAMPA | J | ||
Киршенбаум | n^ | ||
Пренонепчените носни согласки се почести од преднонепчените избувни согласки како [c] и [ ɟ] (македонскиот ги има сите три).[2] Во македонскиот јазик, овој глас е претставен со буквата њ. Во шпанскиот и оние под влијание на шпанскиот правопис, се користи буквата ñ, додека италијанскиот и францускиот ја претставуваат согласката со диграмата gn.
Српскохрватската буква њ/nj не го претставува овој глас, туку венечно-преднонепчената носна согласка n̠ʲ. Некои јазици што го имаат овој глас напати го користат симболот ⟨ ɲ⟩, бидејќи за него нема посебен (единечен) симбол по МФА, а покрај тоа, ниеден јазик не ги разликува обете во својот гласовен систем.