From Wikipedia, the free encyclopedia
Предминато време (плусквамперфект) — едно од сложените глаголски форми со кои се служи македонскиот јазик. Самото име означува и покажува за какво граматичко време се работи, односно со ова време се означува минато дејство кое се случило пред друго минато дејство. Предминатото време се образува со сум конструкција и со глаголска л-форма.
Македонски глаголски форми |
---|
Општо
Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано
|
Формите на предминатото време во македонскиот јазик се образуваат со употреба на сум конструкцијата во минато определено несвршено време и со глаголската л-форма која најчесто е од свршен глагол. За полесен преглед на формите на глаголите следува табеларен приказ на три сменети глаголи по лица[1].
прочита | прати | излезе | |
---|---|---|---|
Јас | бев прочитал | бев пратил | бев излегол |
Ти | беше прочитал | беше пратил | беше излегол |
Тој, таа, тоа | беше прочитал (а)* | беше пратил (а)* | беше излегол (излегла)* |
Ние | бевме прочитале | бевме пратиле | бевме излегле |
Вие | бевте прочитале | бевте пратиле | бевте излегле |
Тие | беа прочитале | беа пратиле | беа излегле |
Ова сложено глаголско време означува дејство што се случило пред друго дејство во минатото.[1]
Иако има и други значења надвор од основното значење, предминатото време во современиот македонски јазик има многу поограничена употреба во споредба со останатите македонски глаголски времиња и начински форми. Ова време го истиснуваат минатото неопределено или определено време и конструкциите со глаголска придавка, посебно кога се употребуваат без сопоставување со друго минато дејство. Така реченицата Беше се облекол како за на свадба може да се искаже и како Беше облечен / се имаше облечено/ се облекол како за на свадба.[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.