Праисторија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Праисторија претставува временски период кој трае од појавата на човекот до појавата на некои од првите писма.
Трипериоден систем | ||||
Холоцен | Железно време | Протоисторија | ||
Доцно бронзено време | ||||
Средно бронзено време | ||||
Младо бронзено време | ||||
Бронзено време | ||||
Бакарно време (енеолит) | ||||
Младо камено време (неолит) | Праисторија | |||
Мезолит / Епипалеолит | ||||
Плеистоцен | Доцен палеолит | |||
Среден палеолит | ||||
Ран палеолит | ||||
Палеолит | ||||
Камено време |
Праисториската археологија, на пример, го проучува временскиот период од најстарите регистрирани материјални остатоци, односно култури, до појавата на првите пишани документи во одредени култури. Во Европа праисториската археологија ги опфаќа палеолитот, мезолитот, неолитот, бакарното бронзеното и железното време.
Сумер во Месопотамија, долината на Инд и древниот Египет биле првите цивилизации кои развиле свои писма и ги зачувале историските записи. Ова се случило веќе во младото бронзено доба. Првите што следеле биле соседните цивилизации. Повеќето други цивилизации го достигнале крајот на праисторијата во железното време. Трипериодниот систем на праисторијата (камено време, бронзеното време и железното време), останува да се применува за голем дел од Евроазија и Северна Африка, но не се применува во оние делови од светот како што се Америка, Океанија, Австралија и поголемиот дел од Потсахарска Африка каде што изработката на тешките метали пристигнала нагло при контакти со евроазиските култури.
Овие области, освен некои случаи кај предколумбовските цивилизации во Америка, не развиле комплексни системи за пишување пред доаѓањето на Евроазијците, а нивната праисторија достигнува во релативно понови периоди.[1]
Периодот кога културата е напишана од други, но не развила свое пишување, честопати е позната како протоисторија на културата. По дефиниција,[2] од човековата праисторија нема пишани документи, па од суштинско значење е датирањето на праисториските материјали. Техниките за датирање не биле добро развиени до 19 век.[3]