![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/59/US_State_Name_Etymologies_mk.svg/langmk-640px-US_State_Name_Etymologies_mk.svg.png&w=640&q=50)
Потекло на имињата на сојузните држави на САД
етимолошки список за државната топонимија во САД / From Wikipedia, the free encyclopedia
Имињата на сојузните држави на САД и населените територии имаат мошне разновидно потекло. Од нив, 25 произлегуваат од староседелски јазици, и тоа: осум од алгонкинското семејство, седум од сиуанското (од кои еден преку илинојскиот, кој е алгонкински), три од ирокеското, еден од јутоацтечкото, еден од хавајското и пет други староседелски јазици.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/59/US_State_Name_Etymologies_mk.svg/640px-US_State_Name_Etymologies_mk.svg.png)
Останатите 22 имиња европско потекло: седум од латинскиот (претежно латинизирани лични имиња од англискиот и едно од велшкиот), пет од англискиот, пет од шпанскиот (и уште едно од домороден јазик преку шпанскиот), и четири од францускиот (од кои еден преку англискиот). Шест сојузни држави имаат спорни или недоутврдени потекла: Ајдахо, Аризона, Мејн, Орегон, Рој Ајленд и Хаваи (во табелата, секое можно потекло е ставено во свој ред).
Од вкупно 50 сојузни држави, 11 се наречени по личности. Седум од нив се по европски владетели: двете Каролини, двете Вирџинии, Мериленд, Луизијана и Џорџија. Во минатото се направени неколку обиди за именување на држави по некои од татковците-основачи или други заслужни државници на САД: државата Френклин, државата Џеферсон (на три наврати), државата Линколн (на два наврата) и државата Вашингтон; од нив, единствено успешен бил обидот за Вашингтон.[1][2]
Неколку од државите наречени по домородните народи (во видеоизменет облик) ја имаат задржано множинската наставка „-с“ (-s): Арканзас, Илиноис, Канзас, Масачусетс и Тексас. Редоследот на изведување честопати е:
Народ/племе → Река → Племенска територија → Сојузна држава