Постол (округ)
округ во Егејска Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Постол или Пела (грчки: Περιφερειακή ενότητα Πέλλας) — округ во централниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Наречена е по градот Постол, кој на грчки го носи името на стариот град Пела — престолнината на Древна Македонија и родно место на Александар Македонски.[1], согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Главен град на округот е Воден, со население од 19.036 жители (2011), а најголем град и стопански центар е Пазар (Ениџе Бардар) со население од 29.789 жители. Други поважни места се гратчињата Пласничево, С’ботско и Вртикоп.
Кратки факти Постол Περιφερειακή ενότητα Πέλλας, Земја ...
Постол Περιφερειακή ενότητα Πέλλας | |
---|---|
Округ | |
Општини во округот Постол | |
Постол во рамките на Грција | |
Координати: 40°55′N 22°05′E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Главен град | Воден |
Управа | |
• Управник | Теодорос Теодоридис |
Површина | |
• Вкупна | 2.506 км2 (968 ми2) |
Население (2021) | |
• Вкупно | 145.797 |
• Густина | 58/км2 (150/ми2) |
Пошт. бр. | 58x xx |
Повик. бр. | 238x0 |
ISO 3166 | GR-59 |
Рег. таб. | ΕΕ |
Мреж. место | pella.gr |
Затвори
Во овој округ живеат голем број Македонци, особено во Воденско и Мегленско.