Remove ads
From Wikipedia, the free encyclopedia
Постмодерна архитектура — стил или движење, што се појавил во 1960-тите години, како реакција против штедењето, формалноста, и недостатокот на разноличност во модерната архитектура, особено во меѓународниот стил кој го застапувале Ле Корбизие и Лудвиг Мис ван дер Ро. Доктрината на движењето ја создал архитектот и архитектонски теоретичар на уметноста Роберт Вентури во неговата 1966 книга Сложеност и Противречност во Архитектурата. Стилот го доживува својот најголем подем од 1980-тите низ 1990-тите години, особено во делата на Вентури, Филип Џонсон, Чарлс Мур и Мајкл Грејвс. Во доцните 1990-ти движењето се дели во мноштво од нови тенденции, вклучувајќи високотехнолошка архитектура, неокалсицизам и деконструктивизам.[1]
Постмодерната архитектура се појавила во 1960-тите години, како реакција против воочените недостатоци на модерната архитектура, особено нејзините крути доктрини, нејзината униформност, недостигот на украс, и неговата пракса на игнорирање на историјата и културата на градовите во кои се појавила. Архитектот и архитектонскиот историчар на уметноста Роберт Вентури го предводел нападот во 1966 година во својата книга, Сложеност и Противречност во Архитектурата. Во неа дава резиме за архитектурата која тој сака да го замени модернизмот:
"Зборувам за комплексна и противречна архитектура која се темели на богатството и двосмисленоста на модерното искуство, вклучувајќи го искуството кое е својствено за уметноста. ... Јас ги прифаќам проблемите и ги искокористувам неизвесностите. ... Ми се допаѓаат хибридни елементи наместо „еднородни“, компромитирачки наместо „јасни“, ... Угодни наместо одбивни. ... Јас сум за неуредна виталност наместо очигледна унитарност. ... Претпочитам „заедно-и“ наместо „или-или“, црно и бело, а понекогаш и сиво, наместо црно или бело. ... Архитектурата на сложеност и противречност мора да го отелотвори тешкото единство на вклученост, наместо лесното единство на исклученост." [2]
Наместо функционалната доктрина на модернизмот, Вентури предлага акцентирање на фасадата, вклучување на историски елементи, суптилна употреба на невообичаени материјали и историски алузии, како и употреба на фрагментација и модулации со цел зградата да биде интересна. [3] Во неговата втора книга, Учење од Лас Вегас (1972), Вентури продолжил да го развива аргументот против модернизмот. Тој ги повикал архитектите да ја земаат предвид и да ја слават постоечката архитектура, наместо да се обидуваат да ја наметнат визионерската утопија од своите фантазии. Тој тврди дека украсните и декоративните елементи "се приспособуваат на постојните потреби за разновидност и комуникација". Книгата била инструментална за отворање на очите на читателите за нови начини на размислување за објекти, бидејќи црпи од целата историја на архитектурата—и висок стил и народен јазик, и историски и модерен—и во одговор на Мис ван дер Ро-овата позната максима „Помалку е повеќе“, Вентури одговорил „Помалку е досадно.“ Вентури ги навел како пример своите згради, Еснаф Куќа, во Филаделфија, како пример за нов стил кој ги прифаќа различноста и историските наводи, без враќање на академски преродби на старите стилови. [3]
Во исто време во Италија, сличен револт против строгиот модернизам бил започнат од архитектот Алдо Роси, кој ја критикувал обновата во модернистички стил на италијанските градови и згради, уништени за време на војната, кои немале каква било врска со архитектонската историја, оригиналните улични планови, или културата на градовите. Роси инсистирал градовите да се обновуваат на начини на кои се зачувува нивната историска ткаенина и локална традиција. Слични идеи и проекти биле изложени на Венециското биенале за архитектура во 1980 година. На повикот за постмодерен стил одговориле Кристијан де Портзампрак во Франција, Рикардо Бофил во Шпанија, и во Јапонија од страна на Арата Исозаки.[3]
Постмодерната архитектура се појавила како дејство против доктрините на современата архитектура, изразени од современите архитекти Ле Корбизие и Лудвиг ван дер Ро. Наместо модернистичките доктрини за едноставност изразени од Мис во познатата „помалку е повеќе“ и функционалсност „функционалност пред форма“ и доктрината на Ле Корбизије „куќа е машина за живеење“ постмодернизмот нуди комплексност и контрадикција. Постмоденистичките објекти имаат заоблени облици, украсни елементи, асиметрија, светли бои, својства што често се позајмени од постари периоди, бои и текстури неповрзани со функцијата на објектот. Одбивајќи го модернистичкиот „пуританизам“, постмодерната архитектура повикива на повторно користење оранменти, и збир од цитати и колажи од постари стилови. Либерално позајмува од класична архитектура, рококо, неокласична архитектура, виенската сецесија, британското движење на уметности и занаети, германскиот југендстил.
Постмодернистичките објекти често се комбинација на импресивни нови форми и карактеристи со навидум контрадикторни класични елементи.
Големите градби во постмодерната архитектура често се раздвоени во посебни структури и облици, кои понекогаш ги претставуваат различните функции на тие делови од објектот. Со користење на различни материјали и стилови една градба може да изгледа како мал град или село. Пример за ова е Стадитшес музејот од Ханс Холеин во Минхен (1972-1974).[1]
Асиметричните форми се карактеристични за постмодернизмот. Францускиот архитект Клод Парент и филозофот Пол Вирило во 1968 проектирале црква, Св. Бернадет ду Банли во Неверс Франција, во облик на масовен бетонски блок навален на страна. Двајцата опишувајќи ја формата, напишале „дијагонална линија на бела страна може да претставува рид, или планина, или падина, нагорнина, или надолнина.“ Објектите на Парент биле делумно инспирирани од германски бетонски блок куќи кои ги открил на францускиот брег. Куќите се имале свлечено надолу по карпите, но воопшто не биле оштетени, со навалени ѕидови и накосени подови. Постмодерните композиции многу ретко се симетрични, избалансирани, и уредно наредени. Коси објекти кои се навалени, се виткаат, и изгледа како да паѓаат се вообичаени.[4]
Бојата е битен елемент во многу постмодернистички објекти. За да им се даде на фасадите разновидност и карактер понекогаш се користи стакло во боја, керамички плочки или камен.
Хуморот е особена одлика на многупостмодернистички објекти, особено во Соединетите Американски Држави. Пример за ова е зградата двоглед во Лос Анелес, проектирана од Френк Гери во соработка со вајарот Клес Олденберг (1991-2001). Портата на објектот е во форма на џиновски двоглед, при што колите влегуваат во гаражата поминувајќи под двогледот. Постмодернистичката архитектура понекогаш ги користи смислата за театралност, смислата за апсурдност, и претерување со формите, слично како „камп“ стилот на хумор кој става акцент на текстурата, површината, и стилот на сметка на содржината и обожува претерување и нешта кои се спротивни од тоа што изгледаат на прв поглед.[1]
Целите на постмодернизмот, меѓу кои спаѓаат надминувањето на пролемите на модернизмот, пренесување на двосмислени значења, и чувствителност за контекстот во кој се наоѓа објектот, изненадувачки се унифицирани за временски период во кој архитектите во главно не соработувале меѓу себе. Сепак, овие цели оставаат простор за голем дијапазон на решенија што се гледа од разновидноста на објектите создадени за време на постмодернистичкото движење.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.