Порги и Бес
From Wikipedia, the free encyclopedia
Порги и Бес (англиски: Porgy and Bess) е опера на американскиот композитор Џорџ Гершвин, на англиски јазик, со либрето напишано од авторот Дубос Хејвард и текстописецот Ајра Гершвин. Операта била адаптација на драмата „Порги“ од Дороти Хејворд и Дубос Хејворд, што пак, била адаптација на истоимениот роман на Дубоз Хејворд од 1925 година.
Порги и Бес првпат била изведен во Бостон на 30 септември 1935 година, пред да се пресели на Бродвеј во Њујорк.[1] Во операта учествувала екипа од класично обучени афроамерикански пејачи - смел уметнички избор во тоа време. По првично непопуларниот прием во јавноста, продукцијата на Гранд опера во Хјустон од 1976 година добила нова популарност, и сега е една од најпознатите и најчесто изведуваните опери.
Либретото на Порги и Бес ја раскажува приказната за Порги, инвалид, црнец и уличен просјак, кој живее во сиромашните квартови на Чарлстон. Се работи за неговите обиди да ја спаси Бес од канџите на Краун, нејзиниот насилен и посесивен љубовник и од Спортин,, нејзиниот дилер на дрога. Операта генерално ја следи сценската претстава.
Во годините по смртта на Гершвин, Порги и Бес била прилагодена за настапи од помал обем. Адаптирана е како филм „Порги и Бес“ во 1959 година. Некои од песните во операта, како што е „Summertime“, станале популарни и често се снимаат.
Кон крајот на XX и почетокот на XXI век, трендот се насочува кон продукции со поголема верност кон првичните намери на Гершвин. Продукции од помал обем, исто така, продолжуваат да се монтираат. Комплетна снимена верзија била објавена во 1976 година, и оттогаш е снимена неколку пати.