Порамнување на низи
процес во биоинформатиката / From Wikipedia, the free encyclopedia
Во биоинформатиката, порамнувањето на низи претставува начин на подредување на низите на ДНК, РНК или белковини за да се идентификуваат региони на сличност, што може да биде последица на функционални, структурни и/или еволуциони односи помеѓу низите.[1] Порамнетите нуклеотидни или аминокиселински низи обично се претставени како редови во рамките на матрица. Понекогаш се вметнуваат празнини помеѓу нуклеотидните или аминокиселинските остатоци за да идентичните или слични знаци бидат подредени во последователни колони. Порамнувањето на низи се користи и за небиолошки низи, како што е пресметувањето на edit distance cost помеѓу низите во некој природен јазик или, пак, во финансиски податоци.