From Wikipedia, the free encyclopedia
Полска филмска школа (полски: Polska Szkoła Filmowa) — претставува група на полски режисери и сценаристи што делувале и создавале помеѓу 1955 и 1963 година.[1]
Оваа група била под влијание на италијанскиот неореализам. Либералните промени што се случиле во Полска по 1956 години помогнале да се промени ракурсот во согледбите на историските и социјалните случувања и прилики.[2] Особено за поинаквите гледишта за време на Втората светска војна и германската окупација.
Меѓу најважните теми биле поранешните војници на полското движење на отпорот и нивната улога во повоената полска историја како и националните трагедии како што биле концентрациските логори и Варшавското востание.[3] Политичките промени овозможиле групата јавно да размислува за неодамнешната полска историја.
Полската филмска школа била прва што го истакнувала националниот карактер на Полјаците и едно од првите уметнички движења во Средна Европа што отворено се спротивставила на движењето и диктатот на социјалистичкиот реализам.[4]
Членовите на движењето честопати ја истакнувале улогата на поединецот во однос на општеството.
|
|
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.