Многубоштво
верување во повеќе од еден бог / From Wikipedia, the free encyclopedia
Многубоштво или политеизам — верување во повеќе божества, обично се собрани во пантеон на богови и божици, заедно со своите митологии и ритуали.
Многубоштвото било типичен облик на религија за време на бронзеното доба и железното доба, па сè до осното доба и постепениот развој на еднобоштвото (монотеизам) или пантеизмот, и атеизмот. Тоа е добро документирано во историските религии на антиката, а особено во грчкиот и римското многубоштво и по падот на класичното многубоштво во племенските религии како што се германското или словенското многубоштво. Тој продолжува во модерниот период во преданија како хиндуизмот, шинтото, кинеската народната религија итн., а е оживеан во струи на неопаганство во постхристијанскиот запад.
Многубоштвото е еден вид на теизам. Во рамките на теизмот, тој е во спротивност со еднобоштвото, верувањето во еден единствен бог. Многубошците не секогаш се поклонуваат на сите богови подеднакво, но може да се хенотеисти, специјализирајќи обожување на едно посебно божество. Други многубошци може да се катенотеисти, обожувајќи различни божества во различни периоди.