Покрајчево
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Радовиш, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Покрајчево — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.
Покрајчево | |
Поглед на селото | |
Координати 41°34′23″N 22°34′18″E | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 319 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 2423 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22035, 22535 |
Надм. вис. | 310 м |
Покрајчево на општинската карта Атарот на Покрајчево во рамките на општината | |
Покрајчево на Ризницата |
Според пописот од 2002 година, селото имало население од 434 жители,[2] со што селото се вбројува во средни села во областа на Конче и Радовиш.[3]
Селото се наоѓа на крајниот југоисточен дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на левата страна на реката Струмица, во источниот дел на Радовишкото Поле.[4] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 310 метри. Од градот Радовиш е оддалечено 17 километри.[4]
Селото се наоѓа во Радовишкото Поле, во јужното подножје на планината Готен, источно од општинскиот центар Радовиш.
До селото води асфалтен пат, кој се води како регионален пат 29471.
Атарот на селото зафаќа простор од 6,6 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 302 хектари, на пасиштата отпаѓаат 276 хектари, а на шумите 97 хектари.[4]
Во основа, селото има полјоделска функција. Во селото работела земјоделска задруга и има продавници.[4]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Покрајчево живееле 90 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Покрајчево имало 96 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци и 25 до 50 Турци.[7]
Покрајчево е средно село по големина, населено со македонско население. Така, во 1961 година селото броело 303, а во 1994 година 415 жители.[4]
Според пописот од 2002 година, во селото Покрајчево живееле 434 жители, сите Македонци.[2]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 319 жители, од кои 298 Македонци и 21 лице без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 96 | 213 | 260 | 303 | 324 | 390 | 433 | 415 | 434 | 319 |
Покрајчево е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1928 година родови во селото:[13]
Во XIX век, Покрајчево било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година со Општина Подареш. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на Општина Подареш.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Подареш, во која покрај селото Покрајчево, се наоѓале и селата Дурутлија, Јаргулица, Калуѓерица, Ново Село, Ораовица, Папавница, Подареш, Саригон, Смиланци, Ќоселија и Худаверлија. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Подареш, во која влегувале селата Јаргулица, Подареш и Покрајчево.
Во селото постои избирачкото место бр. 1622 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 319 гласачи.[15] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 324 гласачи.[16]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.