Подласко Војводство
војвојдство во Полска / From Wikipedia, the free encyclopedia
Подласко Војводство (полски: województwo podlaskie) — војводство во Североисточна Полска. Се граничи со Мазовското Војводство на запад, Варминско-мазурското на северозапад и Лублинското на југ. На исток се Гродненската и Брестовската Област во Белорусија, на североисток се Алитушкиот и Маријамполскиот округ во Литванија, а на север е Калининградската Област, која е ексклава на Русија. Војводството е наречено по историската област Подласје (Подлаше). Во 2014 г. војводството имало 1.193.348 жители на површина од 20.180 км2.
Подласко Војводство województwo podlaskie | |||
---|---|---|---|
војводство | |||
Местоположба во Полска | |||
Земја | Полска | ||
Седиште | Бјалисток | ||
Окрузи | 3 градски, 14 земски * | ||
Површина | |||
• Вкупно | 20.180 км2 (7,790 ми2) | ||
Население (2014) | |||
• Вкупно | 1.193.348 | ||
• Густина | 59/км2 (150/ми2) | ||
• Градскo | 712.675 | ||
• Селско | 484.935 | ||
Рег. таб. | B | ||
Мреж. место | bialystok.uw.gov.pl | ||
|
Главен град е Бјалисток. Војводството е создадено на 1 јануари 1999 г. согласно управната реформа усвоена претходната година, а сочинето е од дотогашните војводства Бјалисточко и Ломжанско, како и источната половина од Сувалското Војводство.