Повраќање
From Wikipedia, the free encyclopedia
Повраќањето или блуење (лат. vomitus, познато медицински со грчкиот термин емеза) претставува експулзија на содржината на желудникот преку устата. Најчесто повраќањето е претходено со гадење, потење и зголемена саливација, но може да се случи и сосема ненајавено. Контролирано е од посебен центар во мозокот, наречен центар за повраќање кој може да се надразни на повеќе начини. Најчесто, дразбата стигнува од гастроинтестиналниот тракт (уста, хранопровод, желудник и црева) кога било кој негов дел е премногу потечен, надразнет или иритиран. Нервни импулси, исто така, можат да пристигнат и од балансирачкиот механизам на внатршното уво. Центарот за повраќање тогаш испраќа импулси до абдоминалниот мускул задолжен за повраќањето. Мускулите на абдоменот тогаш се стегаат и дијафрагмата турка надолу. Овие контракции го притискаат абдоменот и го зголемуваат притисокот во него. Тогаш езофагниот сфинктер (мускулот помеѓу желудникот и езофагусот) се опушта со што дозволува на содржината на желудникот да излезе нагоре.