From Wikipedia, the free encyclopedia
Плоштад е отворен јавен простор кој се користи за собири и интеракција помеѓу луѓето. Плоштадот најчесто се наоѓа во центарот на градот и претставува пешачка зона ограничена со улици, објекти или зелени простори. Често во центарот на плоштадот се наоѓа фонтана, споменик или скулптура. Плоштадот е еден од најважните елементи во урбанистичкото планирање, и воопшто во градовите.
Плоштадите секојдневно ги користат луѓето како места за сретнување, и како засолниште од сообраќајниот метеж. Честопати плоштадите се користат за разни настани, музички концерти, отворени пазари, политички и граѓански собири.
Плоштадите се категоризираат според нивната форма и функција. Според формата, постојат плоштади со правилна и неправилна форма. Плоштадите со правилна форма (кружна, правоаголна, триаголна) претставуваат јасна урбана слика за набљудувачот.
Во првите урбани формации – градови, плоштадите најчесто се создавале на крстосниците помеѓу важните трговски патишта. Во Стара Грција, централно место во или плоштад градовите е агората. Агората претставувала центар на политичкиот, уметничкиот, атлетскиот и спиритуалниот живот на градот, а самиот поим значи „место на собир“. Во римско време, јавен плоштад претставува форумот.
Примери на плоштади кои воспоставуваат уникатна врска со објектите кои ги ограничуваат и создаваат впечатливи простори се плоштадите Свети Петар во Рим и Свети Марко во Венеција.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.