Плен (град)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Плен (германски: Plön) — град и административно седиште на истоимениот округ во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на бреговите на најголемото езеро во покраината, Големо Пленско Езеро, како и на неколку помали езера, кои го опкружуваат градот од сите страни. Знаменитост на градот е Пленскиот замок, замок кој бил изграден во XVII век на рид над градот. Градот претставува административно седиште на општинската заедница Големо Пленско Езеро, иако самиот град не е член на заедницата.
За други значења на поимот, погл. Плен (појаснување).
Кратки факти Земја, Местоположба на градот Плен (град) во рамките на округот Плен ...
Плен (град) | |
Градското собрание на Плен | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Шлезвиг-Холштајн |
Округ | Плен |
Градоначалник | Јенс Паустијан |
Основни податоци | |
Површина | 36,73 км2 |
Надм. височина | 26 м |
Население | 8.987 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 245 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | PLÖ |
Пошт. бр. | 24301–24306 |
Повик. бр. | 04522 |
Портал | www.ploen.de |
Местоположба на градот Плен (град) во рамките на округот Плен | |
Координати | 54°9′44″N 10°25′17″E |
Затвори
Во градот постои гимназија која има 300-годишна историја и е дом на офицерската школа на Германската морнарица и на Институтот за еволуциска биологија „Макс Планк“. Градот припаѓа на ридестата пошумена област Холштајнска Швајцарија.