Планетите во астрологијата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Значењето и употребата на планетите во астрологијата е различно од она во астрономијата. Пред сè, астрологијата го користи геоцентричниот систем, односно претпоставува дека Земјата е центарот околу кој се вртат останатите планети. Зборот „планета“ значи „скитник“, а кругот по кој се цртаат планетите во наталната карта ја симболизира вечноста.
Сонцето има семејство од девет планети кои кружат околу него, а тоа се: Меркур, Венера, Земја, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон, чијашто оддалеченост од Сонцето е по тој редослед. Нивните орбити лежат приближно на иста рамнина. Поставеноста на планетите и нивните заемни врски ја претставуваат основата на астрологијата.
До скоро (1781 година), Сатурн беше крајот на Сончевиот Систем. Но тогаш астрономите го открија Уран, Нептун го открија во 1846 година, а Плутон во 1930 година. Поради тоа што овие последни три планети не се видливи за голо око, во астрологијата се нарекуваат „надворешни планети“.