From Wikipedia, the free encyclopedia
Пигмалион (англиски: Pygmalion) е драма на британскиот писател Џорџ Бернард Шо од 1913 година.
Во драмата се појавуваат следниве ликови:[1]
Една ноќ, пред катедрала Св. Павле во Лондон е собрана група луѓе кои чекаат да престане дождот: госпоѓата Хил со ќерката Клара и синот Фреди, професорот по фонетика Хигинс, полковникот Пикеринг, продавачката на цвеќиња Елиза итн. Професорот Хигинс цело време ги запишува разговорите на насобраните луѓе, а Елиза мисли дека тој е полицаец кој неправедно сака да ја уапси. Најпосле, сите се воодушевени кога се дознава дека тој е професор кој според изговорот на луѓето може да го одреди нивното потекло. Професорот Хигинс и полковникот Пикеринг ја делат љубовта кон фонетиката и тие се запознаваат меѓу себе.[2]
Утредента, во домот на професорот Хигинс доаѓа Елиза која бара од него да ѝ дава часови по литературен англиски јазик. Тогаш, професорот и полковникот се обложуваат дека за неколку месеци Елиза ќе стекне образование кое е достојно на госпоѓите од високите кругови. Во меѓувреме, професорот Хигинс го посетува таткото на Елиза, кој за мал паричен надомест се согласува неговата ќерка да остане кај професорот.[3]
Откако е остварен напредок во нејзината обука, Елиза оди на прием кај г-ѓа Хигинс, мајката на професорот и таму ги запознава г-ѓа Хил, Фреди и Клара. Уште на прв поглед, Елиза го привлекува вниманието на Фреди.[4]
Навистина, по неколкумесечна обука, Елиза е целосно преобратена од проста девојка во отмена госпоѓица. За да ги покаже своите способности, професорот и полковникот ја носат Елиза на забава каде никој не може да го забележи нејзиното сиромашно потекло. Задоволни од успехот, професорот и полковникот објавуваат дека експериментот е завршен и дека Елиза е слободна да си оди каде сака. Меѓутоа, таа е повредена од нивниот однос кон неа и доаѓа до голема расправија меѓу неа и професорот кого Елиза го обвинува дека е бездушен и нечовечен.[5]
Утредента, Елиза го напушта домот на професорот и оди кај неговата мајка, која застанува на нејзината страна. Таму доаѓаат и професорот и полковникот, а доаѓа и таткото на Елиза, кој добил неочекувано наследство и се ослободил од сиромаштијата. Тој ги повикува присутните да му се придружат на неговата венчавка со маќеата на Елиза, а таа и професорот имаат долг и жолчен разговор. Најпосле, професорот ја замолува Елиза да продолжи да живее со него.[6]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.