Пету
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пету (изворно: Petuh или Petu) — мешан јазик[1] кој се говори во градот Фленсбург во сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн, северна Германија, на границата со Данска. Претставува мешавина од германски, долногермански, дански и јужнојитски. Има горногерманска лексика (со извесни дански поими и преведени заемкиемки) но граматиката и синтаксата му се дански и долногермански (долносаксонски). Се смета дека настанал во XIX век и бил во широка употреба и во 1950-тите, но денес е на работ на изумирање.