From Wikipedia, the free encyclopedia
„Песната на Бернадет“ (англиски: The Song of Bernadette) - американски филм од 1943 година, во режија на Хенри Кинг (Henry King) по сценариото на Џорџ Ситон (George Seaton), засновано врз истоимениот роман на Франц Верфел (Franz Werfel). Главните улоги ги толкуваат: Џенифер Џоунс (Jennifer Jones), Чарлс Бикфорд (Charles Bickford), Вилијам Ејт (William Eythe), Винсент Прајс (Vincent Price). Ова е биографски филм за Бернадет Субирус на која во 1858 година 18 пати ѝ се прикажала Богородица, а која подоцна, во 1933 година, била прогласена за светица. Филмот постигнал голем успех кај критиката и кај публиката, а освоил четири награди „Оскар“: за најдобра главна глумица (Џоунс), за надобра сценографија во црно-бел филм, за најдобра фотографија во црно-бел филм и за најдобра оригинална музика. Исто така, на првото доделување на наградите „Златен глобус“, кое се одржало во 1944 година, филмот победил во три категории: режија, најдобар игран филм и најдобра глумица (Џоунс).[1]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.