![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/64/Llyfr_Caniad_Solomon_-_Caerwynt_2.jpg/640px-Llyfr_Caniad_Solomon_-_Caerwynt_2.jpg&w=640&q=50)
Песна над песните
From Wikipedia, the free encyclopedia
Песната над песните (или на хебрејски שיר השירים, односно Shir ha-Shirim) — книга од Библијата (и Танахот) или Стариот завет, еден од петте свитоци. Позната е и под името „Песната на Соломон“ па дури и како „Црковни химни“, второво како резултат на анлискиот скратен вулгата превод Canticum Canticorum, односно „Песна над песните“ на латински.[1] Позната е како Аисма во Септуагинтата, што е, пак, скратено од ῏Αισμα ᾀσμάτων, Aisma aismatôn или "Песна над песните" на грчки.[2]
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/6/64/Llyfr_Caniad_Solomon_-_Caerwynt_2.jpg/320px-Llyfr_Caniad_Solomon_-_Caerwynt_2.jpg)
Песната над песните долго време се претставува како алегорична презентација на односот меѓу Бог и Израил како младоженец и невеста.[3] Сепак, главните ликови во песната се една жена и еден маж, а самиот текст на песната алудира на една врска која започнува со додворување и завршува со консумација. Ова е една од најкратките книги во Библијата, содржејќи само 117 стихови. Според ашкенашката традиција, истата се чита на Сабатот што паѓа во меѓу-периодот на Пасхата (деновите меѓу првите и последните денови од Пасхата што, всушност, и не се целосни празници). Во заедницата на Сефардите се рецитира секој петок навечер.