From Wikipedia, the free encyclopedia
Перуанско-боливиска Конфедерација — краткотрајна држава која постоела во Јужна Америка помеѓу 1836 и 1839 година. Земјата била лабава конфедерација помеѓу државите Перу, поделена на Северно Перу и Јужно Перу и Боливија како Боливиска Република,[1] со главниот град сместен во Такна. Формирањето на Перуанско-боливиската Конфедерација било лично под влијание на маршалот Андрес де Санта Круз, претседателот на Боливија, кој служел како прв и единствен шеф на државата со титула „Врховен заштитник“.
Перуанско–боливиска Конфедерација Confederación Perú-Boliviana
| |||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1836–1839 | |||||||||||||||||
Motto: Firme por la Unión | |||||||||||||||||
Химна: Државна химна на Перу | |||||||||||||||||
Главен град | Такна | ||||||||||||||||
Уредување | Конфедерална претседателска република | ||||||||||||||||
Врховен Заштитник | |||||||||||||||||
• 28 октомври 1836 - 20 февруари 1839 | Андрес де Санта Круз | ||||||||||||||||
Историја | |||||||||||||||||
• Основана | 28 Октомври 1836 | ||||||||||||||||
• Распадна | 25 Август 1839 | ||||||||||||||||
Валута | Перуански реал, Боливиски сол | ||||||||||||||||
|
На Перуанско-боливиската Конфедерација уште од своето основање и се спротивставиле соседните земји, особено Чиле и Аргентина, како потенцијална воена и економска закана и поради нејзината поддршка на дисидентите во егзил. Конфедерациската војна започнала веднаш по нејзиното формирање кога Чиле и Аргентина независно ја нападнале земјата. Аргентина била поразена во 1837 година, но здружените сили на Чиле и северноперуанските дисиденти победиле во битката кај Јунгај во јануари 1839 година, која ставила крај на конфедерацијата бидејќи Перу и Боливија биле обновени како независни држави, и Санта Круз побегнал во егзил. Перуанско-боливиската Конфедерација била официјално прогласена за распуштена на 25 август 1839 година, од страна на генералот Агустин Гамара по неговото назначување за претседател на Перу.
Во колонијалното време, територијата што ја сочинувала „Audiencia de Charcas", позната и како Алто Перу, сега Боливија, била интегрална територија на шпанското вицекралство Перу од неговото создавање. Во 1776 година, таа била административно отсечена и станала провинција на новосоздаденото Вицекралство на Рио де ла Плата. Сепак, од географски и историски причини, секогаш останала поблиску до Лима отколку до нејзиниот административен главен град, Буенос Аирес, во денешна Аргентина. Перуанско-боливиската Конфедерација бил единствениот ефикасен обид да ги обедини.
Оваа територија стекнала независност во 1825 година. Во тој момент, унијата со Перу била широко поддржана. Наместо тоа, се родила новата Република Боливија, именувана по Симон Боливар, кој со помош од Антонио Хосе де Сукре и Ото Филип Браун ја ослободил територијата и ги уништил последните остатоци од шпанската армија, со Боливар како прв претседател. Политичките немири и превирања го принудиле Боливар да се врати во Колумбија многу брзо потоа, оставајќи го на чело на Антонио Хосе де Сукре. Планот за повторно обединување на Перу и Боливија не згаснал.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.