From Wikipedia, the free encyclopedia
Перипатетичари — претставници на школа во старогрчката философија од 4 век п.н.е..
Перипатетичарите биле следбеници на Аристотел. Името на школата доаѓа од старогрчкиот збор peripatoi (ст. гр. περίπατοι) со значење „шеталиште“ (на кое имало колонади), а кое посочува на местото каде се состанувале членовите на школата Ликеј. По смртта на Аристотел се шири легендата дека тој бил „перипатетички предавач“ (од грч. περιπατητικός - пешачење, одење), имено дека своите лекции ги држел одејќи низ градините, па така поимот peripatetikos го заменил оригиналниот peripatos во значењето на името на оваа школа.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.