Пентархија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Пентархија, од грчки „Владеење на петтемина“, влијаела во создавањето на „Петте големи мориња“ или рани Епископии, кои ги претставуваат петте најголеми христијански центри во средниот век:
- Рим (св. Апостол Петар и Апостол Павле)
- Цариград (св. Апостол Андреја)
- Антиохија (св. Апостол Петар)
- Александрија (св. Апостол Марко)
- Ерусалим (св. Апостол Јаков)
Првите четири градови, плус Ерусалим биле најголемите христијански центри во Римското Царство во 4 век, периодот кога христијанството било официјално признаено и добило статус на рамноправна религија.
После арапските освојувања, само Цариград останал во состав на Римското Царство (Византија). Папата во Рим во овој период сѐ уште бил во голема мерка поврзан со Цариград (сѐ до Големиот раскол), Ерусалим и Александрија потпаднале под муслиманско владеење, додека Антиохија со векови продолжила да биде фронтна линија помеѓу Византија и Арапскиот Калифат. Со ова, но и со некои други тековни политичко-историски големи промени, идејата за постоење на пет најголеми административни центри на Христијанската Црква уште повеќе се оддалечила од реалноста.