Антиохија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Антиохија (полн назив: Антиохија на Оронт; грчки: Αντιόχεια η επί Δάφνη, Αντιόχεια ή επί Ορόντου или Αντιόχεια η Μεγάλη; латински: Antiochia ad Orontem; арапски: انتاكيّة; турски: Antakya) е древен град кој се наоѓа на Блискиот Исток, 30 километри од морето на левата страна од реката Оронт.
Ἀντιόχεια ἡ ἐπὶ Ὀρόντου Предлошка:Grc | |
Карта на Антиохија во римско и рановизантиско време | |
Друг назив | Антиохија Сириска |
---|---|
Место | Антакија, Турција |
Координати | 36°12′17″N 36°10′54″E |
Вид | град |
Површина | 15 км2 |
Историја | |
Градител | Селевк I Победникот |
Изграденo | 300 п.н.е. |
Раздобје | старомакедонски период до среден век |
Култури | Грци, Римјани, Ерменци, Арапи, Турци |
Настани | Прва крстоносна војна |
Белешки за наоѓалиштето | |
Ископување | 1932–1939 |
Состојба | претежно потрупана |
Градот бил основан во 300 п.н.е. од Селевк I Никатор со името Антиохија. Овој град бил престолнина на Селевкидското царство до 64 п.н.е., кога бил преземен од страна на Римјаните и станал центар на провинцијата Сирија. Во рамките на Римското Царство тој е третиот по големина град по Рим и Александрија. Антиохија е важен центар на христијанството, седиште на една од првите четири патријаршии. Значењето на градот се намалило кога бил разрушен од страна на египетскиот султан Баибарс I.