ред птици From Wikipedia, the free encyclopedia
Веслоножни или пеликановидни (науч. Pelecaniformes) — ред птици. Тоа се птици кои живеат на вода и се хранат со риби. Сите четири прста им се споени со кожичка за пливање и затоа се одлични пливачи. Дел од семејствата, како кормораните, на пример, се и одлични летачи.
Пеликановидни Период: доцна креда–денес, | |
---|---|
Pelecanus occidentalis | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Птици |
Инфракласа: | Нововилични |
Ред: | Веслоножни Sharpe, 1891 |
Семејство | |
традиционално: |
Сите видови од овој ред ја ловат својата храна под вода, а тоа се најчесто риби. Семејствата на кормораните и анхингите имаат водонепропусно перје само во долниот слој, под покривното перје, а останатите видови имаат целосно водоотпорно перје. Сите видови имаат мали или затворени носници, што го спречува продирањето на водата во дишните органи. Кормораните и фалимијата блуни (Sulidae) дишат исклучиво преку клунот, бидејќи носниците им се целосно затворени. Една од типичните карактеристи на овој ред е дека сите видови гнездат во колонии. Колониите ги прават на осамени острови или далечни брегови. Повеќето видови прават вистински гнезда кои ги градат двата родитела. Младенчињата, по испилувањето, се целосно немоќни и родителите ги хранат со делумно сварена храна.
Според традиционалната систематизација во редот на веспаѓаат следните семејства:
Според новата класификација[1] (со ДНК-анализи) ибисите и лажичарките, кои беа во редот на штрковидните сега се преместени во редот на пеликановидните:
Исто така, подредот Sulae, е преиначен во ред Suliformes, со следниве семејства:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.